Агуеро го изненади фудбалскиот свет со случајното откривање на следниот клуб на Меси. Изгледа дека човекот кој одбележа една ера ја напушта Европа.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, претходните преговори околу продолжувањето беа неуспешни, додека сериозен интерес почна да покажува и Интер Мајами.
Сепак, ако му се верува на Агуеро, Меси ќе се врати во Аргентина и во Њуелс Олд Бојс каде што беше член на академијата пред да се пресели во Барселона.
„Тој сериозно ја разгледува опцијата да игра за Њуелс“, рече Агуеро за време на разговорот, а се огласи и Макси Родригез, уште еден поранешен репрезентативец на Аргентина.
„Кун е Кун, едноставно не може да молчи“, додаде поранешниот член на Атлетико Мадрид и уште неколку европски клубови.
Ако им се верува на најавите од Аргентина, Меси сигурно ќе се појави во дресот на Њуелс на прошталниот меч на Родригез, бидејќи три пати беше член на тој клуб.