Марка: Србија ни го „краде“ Бајчетиќ и мора да реагираме

975

Откако офанзивецот на италијански Удинезе, Лазар Самарџиќ во текот на вчерашниот ден и официјално прифати да игра за репрезентацијата на Србија, и да ги промени националните бои многу прашина се крена и во Шпанија. Зошто? Самарџиќ досега беше дел од репрезентацијата на Германија, затоа што е роден таму, фудбалски израсна во Херта, пред да замине во Ред Бул Лајпциг па во Удинезе. Србија односно селекторот Драган Стојковиќ го наговорија да заигра за нив, а шпанците сега стравуваат дека истото ќе се случи и со првотимецот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ.

Денешна Марка на големо пишува дека Бајчетиќ сега ќе биде под голем притисок, затоа што е следната мета на репрезентацијата на Србија.

Момчето кое е син на екс играчот на Црвена Звезда, Срѓан Бајчетиќ роден е во Виго каде што во деведесеттите неговиот татко играше за Селта. Неговата мајка е од Шпанија, а тој целиот живот досега пред да се пресели во Англија го мина таму. Дебитираше за У19 селекцијата на Шпанија и од нивниот сојуз сериозно сметаат на него. Но, Марка пишува дека Србија ќе „ровари“ по ова прашање и нема да остави ништо на случајот, и дека мора да се реагира веднаш инаку Бајчетиќ ќе биде загубен.

ПретходноМеџит Незири: Струга ТЛ има квалитет и сила да ја победи Македонија ЃП!
СледноКлоп: Секој натпревар до крајот е квалификации за Лигата на шампионите