Пелистер го доби братското битолско дерби!

123

Пелистер не дозволи изненадување во првата плеј-оф пресметка против Пелистер 2. Овој пат ја оправда улога на фаворит и славеше со 16-29 во рамките на третото коло.

Костески, Петар Анастасијевиќ со по четири гола беа први стрелци кај победникот, кај поразениот состав исто толку погодоци имаа Буторац и Ристевски.

Избраниците на Александар Јовиќ беа добри во воведните минути поведоа со 3-0, додека на другата страна на Пелистер му беа потребни четири минути за да го постигне првиот гол, тоа го стори Кузманоски. Од овој момент со серија од 1-14, дојде на двоцифрени 4-14, на одморот беше 6-17.

Во продолжение Пелистер ја сочува предноста, но и силите за важната битка која ги чека во вторнбик, а тоа е мечот со Мотор за пласман во нокаут фазата во Европската лига.

Во плеј-аут лигата, Јуниор К.В ја запиша првата победа, откако го доби убедливо дербито на дното против Радовиш со 31-21. Димевски со седум гола беше прв стрелец, Симоноски запиша шест. Кај гостите Вјештица имаше девет гола.

ПретходноСтоле и Рајо загубија на гостувањето кај Кадиз (видео)
СледноЃорѓиев: Сиот респект за Работнички, но Брегалница има мотив за надигрување