Потврда од ХНС: Имаше бројни понуди, но Далиќ останува селектор на Хрватска до 2026!

91

Се чини дека и дефинитивно селекцијата на Хрватска нема за што да се грижи кога станува збор за селекторското место. Имено Златко Далиќ и раководството на ХНС имаат договор кој наскоро треба да биде потпишан и истиот ќе важи до 2026 година, односно до крајот на наредното светско првенство.

Оваа информација ја потврди и првиот човек на ХНС, Маријан Кустиќ:

Наскоро ќе го потпишеме новиот договор. Имаше бројни понуди, но драго ни е што тој одлучи да остане селектор на репрезентацијата“ рече покрај другото Кустиќ.

ПретходноПолувреме во Струга: Без голови покрај езерото, Стевковски му одбрани пенал на Ибраими!
СледноДва промашени пенали: „Бомбардерот“ Ибраими никако да погоди од белата точка!