Полскиот ски-скокач Пјотр Жила сензационално ја одбрани титулата светски првак освоена во 2021 година на мала скокалница во Оберстдорф, откако денеска на скокалницата на Планица успеа од 13. место во првата серија да се искачи на врвот.
Во тешки и ветровити услови, 36-годишниот Полјак по разочарувачкиот настап во првата серија, решително и агресивно влезе во последниот обид и „летна“ до 105 метри, што е нов рекорд на скокалницата.
Жила слета во речиси совршен телемарк, што му донесе 134,2 поени за тој скок.
Вториот од првата серија, Германецот Андреас Велингер, ја одбрани својата позиција со скок од 102 метри и го освои сребрениот медал, со заостанување зад Жила за 2,6 поени. Германците освоија и бронза благодарение на Карл Гајгер, кој заостана зад победникот со 4,1 поен.
Утре на Планица е закажан мешовитиот екипен натпревар на малата скокалница.
Piotr Żyła i jego skok po złoto 🥇
Wideo: @Eurosport_PL 🎥#Planica2023 #skijumpingfamily #skokoholicy #skijumping #ZimaJestNasza #Planica pic.twitter.com/vYt2h6YWgX
— Marcin Rogowski (@MRogowski93) February 25, 2023