Ѓорѓиев: Сиот респект за Работнички, но Брегалница има мотив за надигрување

106

Утре на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часот во меч од 20.коло во ПМФЛ, се среќаваат Рботнички и Брегалница. По тие 0:0 со Скопје минатиот викенд на свој терен, штипските “сини“ се надеваат и очекуваат дека од ова гостување кај забревтаниот Работнички ќе извлечат добар резултат.

Свое видување за утрешниот дуел има Ѓорѓи Ѓорѓиев, офанзивецот на Брегалница:

Секако, сиот респект за Работнички, но од друга страна има мотиви за надигрување со квалитетен противник. Нема сомневање дека ќе дадеме се од себе да дојдеме до позитивен резултат. Атмосферата во тимот е на високо ниво, сите ние знаеме дека нашите навивачи од нас очекуваат позитивни резултат, па затоа мора да го дадеме својот максимум за да не ги разочараме“.

ПретходноПелистер го доби братското битолско дерби!
СледноНаполи реди победи, Елмас на терен, Осимен погоди на осми меч по ред (видео)