Манчестер Јунајтед го освои Лига купот (ВИДЕО)

142

Екипата на Манчестер Јунајтед го освои првиот трофеј под водство на Ерик Тен Хаг како менаџер на тимот. „Црвените ѓаволи“ предмалку во финалето во Лига купот на Вембли го совлада тимот на Њукасл со конечни 2:0.

Стрелци на головите во големиот триуимф на Јунајтед беа Касемиро во 33. минута, односно Маркус Рашфорд но сепак неговиот погодок е заведен како автогол на Бутман, кој што во обидот на напаѓачот на Јунајтед ја закачи топката и го измани Кариус.

Уште од стартот на мечот тимот на Манчестер Јунајтед како тим знаеше што сака, имаше контрола на дуелот. Навреме дојде до водство, затоа што искусниот Касемиро одлично се снајде во петерецот при една нафрлена топка и погоди со глава.

Само шест минути подоцна Рашфорд шутираше од изгледна позиција, Кариус измамен и веќе беше 2:0.

Во вториот дел Њукасл тргна на се или ништо, имаше шанси да намали на 2:1, но сепак, тоа не се случи. Бруно Фернандеш во самиот финиш имаше зицер ситуација за 3:0, но истата пропадна затоа што Кариус одлично интервенираше.

ПретходноДа се знае кој е главен во Германија, лекција на Баерн за Унион Берлин (ВИДЕО)
СледноКошаркарите не и простија на Норвешка, заверија место во квалификациите за ЕП 2025 (ФОТ0)