Уникс Казан за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ го запиша поразот број четири оваа сезона во ВТБ-лигата, овој пат на домашен терен беше совладан од Зенит со убедливи 69-80 во рамките на 27 коло.
Македонскиот репрезентативен плејмејкер мечот го заврши како прв стрелец. За жал неговата 13-ка не помогна. Во игра мина нешто повеќе од 25 минути за кои додаде три скока, четири асистенции и една загубена топка.
Уникс остана на второто место на табелата зад ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ.