Одбојкарите на Борец направија изненадување во дербито на 4. коло од Втората фаза на домашното првенство, откако синоќа успеаја во пет сета и по голема борба да го совладаат тимот на Шкендија со 3:2. Велешани дојдоа до победа на гостински терен по извонредниот старт на дуелот со освоени два стартни сета.
Тетовци успеаја да се консолидираат и во третиот и четвртиот сет да дојдат до 2:2, за одлучувачкиот петти сет да донесе вистинска драма која заврши на продолженија во полза на гостите. Со оваа победа Борец сериозно се приближува кон водечката двојка на табелата, а Струмица благодарнеие на максималната победа над Лирија и натаму останува лидер на табелата.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (4.коло)
Струмица Никоб – Лирија (3:0 (25:17, 25:16, 25:18)
Шкендија – ГОК Борец 2:3 (23:25, 19:25, 25:19, 25:23, 14:16)
Работнички 47&22 – Весна Пробиштип 3:0 (25:17, 25:19, 25:16)
Табела: Струмица Никоб 13-1, Шкендија 12-2, ГОК Борец 11-3, Лирија 7-7, Работнички 8-6, Весна Пробиштип 6-8.
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (4.коло)
Штип УГД – Сушево 1978 3:0 (25:14, 25:13, 25:20)
Универзитет во Тетово – Петровец 3:0 (25:14, 25:21, 26:24)
***Слободна е екипата на Македонија Џио
Табела: Штип УГД 6-7, Универзитет во Тетово 6-7, Сушево 3-10, Петровец 2-12, Македонија Џио 1-12.