Втор меч и прва победа на Горан Здравков како тренер на Брегалница, и тоа против својот некогашен клуб, Работнички, каде што играше пред две децении. Добар меч, со шанси на обете страни, имаше и погодено стативи, но сепак решавачкиот момент се случи во 4.минута кога по продорот на Ѓорѓиве, младиот Николов најдобро се снајде и ја затресе мрежата на Работнички.
Голема победа на Брегалница, големи три бода, а Работнички веројатно пак си тера по старо од есенскиот дел кога играше во стилот топло – ладно.