Кој сака нека каже, ама Ерлинг Халанд е вистински “терминатор“ во поглед на головите. Имено напаѓачот на Сити вчера постигна еден гол на гостувњето кај Борнмут, резултатот беше 1:4 за “граѓаните“, и тоа му беше негов 27 погодок во тековната сезона за Манчестер Сити во Премиерлигата, а минаа само 25 кола. Со овој гол тој го урна рекордот на Серхио Агуеро кој за Сити во сезоната 2014/15 постигна 26. Со тоа тој стана клупски рекордер. Но сега на ред е оној поважниот рекорд, на Алан Ширер, кој е апсолутен рекордер на ПЛ со 34 голови во една сезона. Нема дилеми дека тие седум голови и тоа како ќе бидат постигнати во преостанатите 13 кола од страна на Ерлинг Халанд.
Дома Меѓународен фудбал Англија Вистински “терминатор“: Халанд го урна рекордот на Агуеро, на ред е оној...