ВМФЛ: Караорман рутински до триумф со Слога (В)

489

Во последниот меч од 17.коло во ВМФЛ, Караорман денеска во Струга успеа со 2:0 да слави над составот на Слога Виница. Домашните беа подобар тим, создадоа неколку шанси а искористија две. Прво Клечкароски уште во 2.минута донесе водство за својот тим, за да во самиот финиш на мечот, во 90.минута Јошески ги постави конечните 2:0.

Па така сега откако се одигра и последниот меч од ова коло, можеме да ја видиме и како изгледа табелата:

Гостивар 43, Воска 40, Вардар 40, Пелистер 36, Детонит 32, Беласица 26, Охрид 26, Арсими 24, Беса 24, Караорман 20, Кожув 17, Пехчево 14, Слога (В) 13, Саса 13, Тетекс 10, Борец 0 …бодови

ПретходноБрегалница со песна од Маџари, деби победа на Здравков како тренер на „сините“! (ФОТО)
СледноПрилеп им нанесе нов удар на стружани!