Денеска ќе се одиграат последните два меча од третото коло во плеј-офот. И двете ќе бидат интересни, сликата за третото место на табелата ќе стане појасна.
Во салата „Јасмин“, Тиквеш е домаќин на ГРК Охрид (19 часот). Избраниците на Данило Брестовац во моментов се трети, имаат четири бода еден повеќе од противникот. Зад себе го имаат триумфот над Пролет, па со голема самодоверба ќе влезат на оваа пресметка. На другата страна пак Охрид имаше тежок меч во претходното коло играше против Вардар, па сега ракометарите ќе сакаат на еден ваков меч да се вратат на победите.
Во Скопје, Алкалоид е домаќин на Пролет (19 часот). Дебитантот играше против Пелистер во Битола покажа квалитет, го мачеше огромниот фаворит до крајот. Победа на оваа средба ќе значи, исто враќање на третото место на табелата. На другата страна Пролет со младите ракометари ќе се обиде да се покаже во добро издание во Автокоманда, со надеж дека може да изненади.
Во плеј-аутот ќе се одиграат два меча, Прилеп ја пречекува Струга (15 часот), додека пак Куманово е домаќин на Голден Арт (18 часот).