Она што требаше да биде дерби во шампионатот на Хрватска помеѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит, се претвори в лекција по фудбал на домаќинот од Максимир.
Високи, убедливи 4:0, во кој нашиот репрезентативец Аријан Адеми по само десетина минути игра, најпрво погоди за водство, а потоа и му асистираше на Батурина за 2:0.
Иванушец пред полувреме дополни за 3:0, а истиот играч и го комплетираше конечниот резултат.
Покрај Адеми секако во стартниот состав на Динамо се најде и Стефан Ристовски и обајцата незаменливи во тимот кој очигледно е неприкосновен на домашно тло.