Куманово фати залет, преку Голден Арт до „три од три“

118

Уште еден тим во плеј-аут лигата продолжи да изненадува со добрите резултати. Станува збор за Куманово, кој го совлада Голден Арт на домашен терен во последните секунди со 26-25.

Гостите од Скопје беа подобар противник во првото полувреме по кое водеа со 12-14. По одморот на теренот имаше вистинска битка, Голден Арт само во воведните минути имаше предност, по што домаќинот целосно се врати во средбата, во играта гол за гол успеа да излезе и подобар.

Кастратович со десет погоди беше прв стрелец кај Куманово, по три гола имаа Крстаноски и Даневски. На другата страна Милошески постигна девет гола.

ПретходноКошаркарите не и простија на Норвешка, заверија место во квалификациите за ЕП 2025 (ФОТ0)
СледноУдинезе со 2:2 против Специја, Нестор одигра само три минути!