Максимов: Шкендија против Победа ќе оди по трите бода!

228

Денеска во меч од 20.коло во ПМФЛ, со почеток од 14 часот, Шкендија на свој терен го дочекува составот на Победа. Според квалитетот јасно е дека тетовци се фаворити, се освен победа на Шкендија ќе биде голема сензација, но тетовци ќе играат под притисок по оној минатонеделен пораз на дербито од Шкупи.

Методи Максимов кој оваа зима дојде од Работнички во Шкендија денеска ќе дебитира пред тетовската публика.

“Секако дека по дербито ги прифаќаме сите критики. Работевме напорно и сметам дека подготвени го дочекуваме денешниот дуел со Победа. Свесни сме дека не очекува сериозен дуел во кој мораме да влеземе максимално сконцентрирани. Не криеме дека одиме по трите бода. Секако дека ќе ни биде потребна и поддршка од нашите фанови, таа во овие моменти ни е многу важна“ изјави Максимов.

ПретходноДенвер и Јокиќ се распаднаа во дебрито, Тејтум ја реши драмата (ВИДЕО)
СледноТренерот на Миовски се пошегува: На Бојан секогаш му велам трчај и давај голови!