Во големото дерби на Франција, oд 25.коло на Лига 1, екипата на ПСЖ го победи Олимпик Марсеј со 3:0 и тоа на гости на „Велодром“. Се очекуваше понеизвесен и пожесток меч, на крајот убедлива победа на гостите предводени од Килијан Мбапе и Лео Меси кои беа незапирливи за домашните играчи.
Во 25. минута Меси му асистираше на Мбапе кој го реализира водечкиот гол за ПСЖ, а само четири минути подоцна Мбапе му асистираше на Меси за погодокот за 2:0. Тој гол е 700. на Меси во клупските настапи и прв во француското „Класико“.
Во 55 минута повторно Меси асистент, а реализатор Мбапе. Двајцата напаѓачи на ПСЖ го „растурија“ Марсеј кој немаше сила да одговори на разиграното дуо. Мбапе исто така впиша јубилеј, 200 гол во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања изедначувајќи се со Единсон Кавани. Само оваа сезона има 29 гола.
ПСЖ е лидер со 60 бода по 25 кола, а Марсеј е втор со осум бода помалку после исто толку натпревари. Трет е Монако со 50 бода.
🚨 O gol que transformou Mbappé no MAIOR artilheiro da história do PSG, na casa do maior rival
Assistência absurda de Messi! Marseille 0x3 PSGpic.twitter.com/blpDUtsf9W
— Sala12 (@OficialSala12) February 26, 2023
400th Club Goal : vs Valencia 🇪🇦
500th Club Goal : vs Real Madrid 🇪🇦
600th Club Goal : vs Liverpool FC 🏴
700th Club Goal : vs Marseille 🇨🇵
Big Games, Big Man. pic.twitter.com/dPcjFFZjTo
— Kushagra 1970 (@KushagraPSG) February 26, 2023