Милан ја совлада Аталанта, кам-бек на Ибрахимовиќ!

176

Екипата на Милан славеше победа од 2:0 над Аталанта во меч од 24 коло на Серија А. „Росонерите“ на домашен терен впишаа важни три бода со кои фатија приклучок за второто место на табелата кое моментално го држи Интер.

Првиот гол падна во 25.минута. Тео Фернандез шутна од далечина, топката удри во стативата па во грбот на голманот Мусо и заврши во мрежата.
Во 74 минута во игра влезе Златан Ибрахимовиќ кој доби аплауз од трибините. Швеѓанецот долго паузираше, имаше операција на коленото и по девет месеци повторно е на терените.
Вториот гол го постигна Жуниор Месиас во 86 минута на асистенција на Леао.
Милан има 47 бода исто колку и Интер на второто место.

Ибрахимовиќ со 41 година и 146 денови е највозрасниот играч на Милан на меч во Серија А откако за победа се доделуваат три поени. Претходно тоа беше Алесандро Костакурта со 41 година и 25 денови.

ПретходноМеси и Мбапе го „растурија“ Марсеј на „Велодром“
СледноОсасуна првпат по 2006 година победи на „Санчез Писхуан“