Македонскиот интернационалец Никола Митревски имаше маестрален настап во победата на Порто над Загреб во Лигата на шампионите. Порто ја запиша втората победа сезонава, а славеше со 28-26. Загреб со победа можеше да си осигура место во нокаут рундата, но шансата ќе си ја побара на друг меч.
Загреб имаше супер старт на мечот, но како што се приближуваше полувремето Порто беше подобар и успеа да направи пресврт и да замине со 12-11. Во финишот на мечот гостите изедначија на 25-25 и кога се „кршеше“ резултатот Митревски ја „затвори ролетната“ на голот и го отпиша хрватскиот тим.
Македонскиот голман имаше 13 интервенции. Кај Порто најмногу голови постигна Валдес – шест. Кај Загреб Тимур Дибиров реализира девет голови.