Јирген Клоп признава дека не знае кога Дарвин Нуњез ќе може да се врати на теренот, бидејќи напаѓачот на Ливерпул продолжува да се мачи со повредата на рамото.
Нуњез го пропушти синоќешното реми без голови со Кристал Палас, а малку веројатно е дека ќе се појави и за следниот меч на „црвените“ против Вулверхемптон во среда. Уругваецот стартуваше во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, но играл со инјекција против болки, по што мораше да биде заменет во второто полувреме.
„Дарвин беше во ред со инјекцијата против Мадрид, бидејќи нема структурни оштетувања“, рече тренерот на Ливерпул, Клоп.
„Многу е болно, но ден по натпреварот во Мадрид, тој доби уште еден удар и воопшто не можеше да ја движи раката. Ќе треба да видиме колку долго ќе потрае целата рехабилитација. Тоа беше причината да не игра денеска“, објасни Клоп по вчерашниот меч со Кристал Палас.