Неочекуван пораз на екипата на Барселона на гостувањето кај Алмерија во 23.коло на шпанската Ла Лига. По елиминацијата од Лига Европа, екипата на Барселона не се созема и да го врати победничкиот ритам туку доживеа пораз кој може да им ги поремети сметките на крајот на сезоната.
Алмерија славеше дома со 1:0 со голот на Туре во 24 минута што на крајот се покажа како конечен резултат. Алмерија имаше три порази по ред, минатото коло беше демолирана од Кадиз со 6:2.
Барса место да биде на +10 на чело на табелата сега е на +7 во однос на вториот Реал Мадрид.