Осасуна првпат по 2006 година победи на „Санчез Писхуан“

87

Големо изненадувње во Ла Лига вечерва на стадионот „Роман Санчез Писхуан“. Екипата на Осасуна ја совлада Севиља со 3:2 со што само ја продлабочи кризата која владее меѓу домашниот андалузиски тим.
Тоа воедно е прва победа на Осасуна на „Санчез Писхуан“ после февруари 2006 година кога славеа со 1:0.
Севиља и онака е разнишана со слабите резултати и пласманот во долната половина. Дани Гарсија донесе водство за Осасуна на полувреме. Гудељ изедначи во 63. минута, а потоа во 68. минута по една лоша проценка голманот Фернандо си постигна автогол.
Ен Несири изедначува на 2:2, за во финишот по еден контра напад Езалзули да го совлада Фернандо за победа на Осасуна.

ПретходноМилан ја совлада Аталанта, кам-бек на Ибрахимовиќ!
СледноНеверојатниот Јокиќ со монструозен трипл-дабл го предводеше Денвер до победа (ВИДЕО)