Уф, какво дерби во Кратово. Одличен меч од 20.коло попладнево во Кратово на кој Силекс со 2:1 успеа да го совлада Шкупи. Кратовци поведоа со супер -голот на Милосављевиќ и Ѓорѓиевски со 2:0 во првиот дел, но Шкупи и тоа како се врати. Успеа да намали со голот на Данфа а до крајот и двете екипи имаа по неколку шанси. Имаше и нервоза,но сепак на крајот Силекс заслужено победи и ја прекина победничката серија на шампионот, со оваа победа Силекс и “помогна“ на Струга ТЛ во битката за титулата.
Шкендија едвај стигна до триумф против Победа и тоа само благодарение на деби – голот на Ералдо Чинари во 62.минута.
Брегалница со голот на Николов уште во 4.минута успеа да го победи Работнички на Маџари со 0:1. Прв триумф на Горан Здравков како тренер на „сините“.
Скопје и Тиквеш одиграа без голови.Интересен меч, но сепак најголемата шанса ја имаа гостите кога Лазаров во 48.минута од слободен удар ја погоди стативата на домашните.
РЕЗУЛТАТИ – 20.КОЛО
СИЛЕКС – ШКУПИ 2:1
(Милосављевиќ 4., Ѓорѓиевски 32./Данфа 57.)
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 0:1
(/Николов 4.)
ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА 1:0
(Чинари 62./)
СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 0:0
ВЧЕРА:
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:0
А.ПАНДЕВ (СЛОБОДНА)