Струга го запиша третиот пораз во плеј-аут лигата, откако беше совладана на гости кај Прилеп со 31-28. Ова беше меч со промени на водството, а домаќинот благодарение на добриот финиш успеа да дојде до целиот плен.
Прилеп имаше предност од 11-8, но гостите со серија од 2-5 изедначија на 13-13, а на одморот заминаа со позитива од еден гол (16-17). Во вториот дел се играше гол за гол до 22-21, кога Прилеп со четири гола во низа поведе со плус четири 35-21 и до крајот не дозволи нов кам-бек на противникот.
Шокоски со седум и Гамзардија со шест гола го предводеа својот тим, кај гостите Бугариновиќ имаше седум погодоци.