Удинезе со 2:2 против Специја, Нестор одигра само три минути!

59

Екипата на Удинезе не запиша победа во дуелот со Специја во рамките на 24.коло на Серија А. Во меч со пресврти, двете екипи си освоија по бод. Поведе Специја со гол на Нзола во 6. Минута, но изедначи Бето во 22. минута.

Во 55. минута Переира ја тресе мрежата за водство на Удинезе од 2:1, а гостите освоија бод со вториот гол на Нзола на овој натпревар во 72 минута.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски влезе во судиското продолжение од натпреварот и помина на теренот точно три минути!

Удинезе е на 10-тото место на табелата, а Специја е на 17-тото.

ПретходноКуманово фати залет, преку Голден Арт до „три од три“
СледноИсториски кошаркарски срам за Хрватска