Финале на „Вембли“: Њукасл за нова историја, Јунајтед чека пехар од времето на Мурињо

242

Попладнево од 17.30 часот на „Велбли“ прво големо финале за оваа сезона во Англија. Фудбалерите на Манчестер Ј. и Њукасл влегуваат во финална битка за првиот трофеј сезонава, оној посветен на најдобриот тим во националниот Лига Куп.

Се очекува пресметка на две екипи кои се во многу добра форма, па навивачите со право очекуваат фудбалски спектакл. Патот до финалето за двата клуба беше сличен, пред се поради фактот што играа гостувања против послаби ривали. Манчестер Јунајтед на домашен терен ги елиминираше Астон Вила, Барнли и Чарлтон, додека Нотингем исто така беше рутинизиран со две лесни победи. Од друга страна, Њукасл повеќе се мачеше, го освои нисколигашот Транмере на гости, па на пенали дома го мина Кристал Палас, а потоа паднаа Бурнмаут, Лестер и на крајот Саутемптон.

Лига купот можеби не е најпопуларното фудбалско натпреварување во земјата, но трофејот наменет за победникот ќе значи многу за две екипи поради многу причини. Јунајтед, последниот трофеј што го освои беше под водство на Жозе Мурињо во Лигата на Европа во 2017 година. Њукасл, пак, со своите навивачи доживеаја ренесанса по купувањето на клубот од саудиските сопственици, а Еди Хау доби одлични засилувања за да изгради прилично цврст и компактен тим. Приказната за „страчките“ и трофеите е доста болна, бидејќи постот трае скоро 54 години откако Њукасл го освои последниот пехар во 1969 година.

Њукасл денеска ќе има проблем со голманите, затоа што словачкиот голман Дубравка првата полусезона ја мина на позајмица во Јунајтед од Њукасл, за на 1 јануари да се врати во својот матичен клуб. Поради тоа Дубравка го загуби правото да брани за друг клуб во ова натпреварување, а поради црвениот картон ќе го нема и првиот голман Ник Поуп, па Хау сега ќе мора да стартува со третиот чувар, Лорис Кариус.

Последната пресметка на двата тима во октомври не донесе гол, па ќе биде интересно да видиме каков развој на мечот ќе имаме денеска.

МОЖНИ СОСТАВИ:

Манчестер Јунајтед: Де Хеа; Ван-Бисака, Варан, Мартинез, Шо; Касемиро, Фред; Ентони, Фернандеш, Санчо; Рашфорд

Њукасл Јунајтед: Кариус; Трипие, Шер, Ботман, Брн; Лонгстаф, Гимараеш, Желинтон; Алмирон, Вилсон, Сен-Максимин

ПретходноВеќе е познато: Меси ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот!
СледноНа проблемите им нема крај: Ливерпул без Нуњез и за реваншот со Реал (М)?