Аргентинскиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, ќе биде прогласен за најдобар играч во 2022 година во изборот на ФИФА, објави „Мундо депортиво“.
Новинарот на „Мундо Депортиво“, Франсеск Агилар, тврди дека веќе е познато дека аргентинскиот фудбалер ќе ја добие наградата за најдобар играч на светот, иако во конкуренција се уште францускиот напаѓач на Реал, Карим Бензема и уште еден член на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Меси минатата година со Аргентина ја освои титулата на Светското првенство во Катар, како и шампионската титула со ПСЖ во францускиот шампионат.
Мбапе го освои и шампионатот на Франција, додека со репрезентацијата на „триколорите“ беше вицешампион на светот на СП во Катар, а беше и најдобар стрелец на Мундијалот.
Бензема со Реал ги освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Светското клупско првенство, а францускиот напаѓач е актуелен сопственик на „Златната топка“. Шпанските медиуми пренесуваат дека ФИФА побарала од сите кандидати да присуствуваат на свечена церемонија во Париз, која ќе се одржи утре во Париз.