Горан Здравков: Оваа победа е за сите искрени фанови на Брегалница!

977

Брегалница попладнево успеа со 0:1 како гостин да го победи Работнички. Во меч од 20.коло во ПМФЛ, ова беше и прва победа на стратегот на “сините“ Горан Здравков на еден официјален меч како тренер на Брегалница.

По средбата, Здравков за “Спортмедиа“ не криеше дека е среќен по овој голем триумф:

Да, апсолутно сум среќен и задоволен зошто успеавме да победиме силен тим и тоа на негов терен. Можевме да постигнеме уште некој гол, во одредени моменти имавме и среќа, а секако дека во главна улога беше и нашиот голман Шчекиќ кој веројатно е играч на мечот. Во секој случај играчите одиграа како што се договоривме, знаевме што сакаме и знаевме како да дојдеме до целта. Оваа победа е за сите искрени фанови на Брегалница и доаѓа во вистински момент пред мечот со Шкендија во Штип наредниот викенд. Честитки за играчите за оваа победа“ изјави Здравков.

Претходно„Баксузна 13-ка“ на Димитријевиќ!
СледноДинамо го „уништи“ Хајдук и покажа кој е кој во Хрватска