Дека тимот на Унион Берлин е пријатно изненадување сезонава во Бундес лигата, тоа е веќе познато. Дека пред денешното дерби можеби некој и се надеваше на сензација на овој тим на гостувањето кај Баерн Минхен исто така беше факт, но реално во пракса тоа се покажа дека е невозможан мисија.
Баварската машина го „смеле“ противникот и триумфираше со високи и убедливи 3:0. Стрелци за Баерн беа Чупо Мотинг, Коман и Мусиала, сите во првиот дел.
Со овој триумф Баерн е лидер со 46 бдови пред Дортмунд кој има исто толку, додека сега Унион Берлин е трет со три бода помалку.