Дуплантис по шестипат го урна светскиот рекорд во скок со стап! (ВИДЕО)

651

Шведската атлетска сензација, Арман Дуплантис, постави нов светски рекорд во скок со стап прескокнувајќи ја границата од 6,22 метри на натпреварувањето во сала одржано вчера во Клермон-Феран, Франција.

Со ова тој го подобри за еден сантиметар својот најдобар резултат од минатогодишното Светско првенство на отворено во Јуџин, САД.

Олимпискиот шампион од Токио, скокна 6,22 метри во својот трет обид на Ол-стар митингот во Клермон-Феран, организиран од ѕвездата во скок со стап, Рено Лавилиен и ги импресионираше над 4.000 присутни гледачи во салата.

Дваесет и тригодишниот Дуплантис го опиша чувството да се постави нов, шести светски рекорд како „вонтелесно искуство“.

„Кога имате вакви моменти, кога енергијата е на толку високо ниво и кога летате кон целта е како да лебдите. Некако ми се чини дека моето тело не ни слета на душекот по тој скок“, објасни 23-годишниот Швеѓанец.

ПретходноДерби во Кавадарци: Тиквеш и Охрид во битка за третото место!
СледноБорец приреди изненадување победувајќи ја Шкендија во Тетово