Кошаркарите во Осло ја кројат својата судбина!

347

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (18 часот) во Осло ќе бара потврда на лидерското место во претквалификациската група, а со тоа и пласман во квалификациите за ЕП 2025 година.

Откако „црвено-жолтите“ не ја искористија првата шанса против Словачка на гости, ќе мора да ја победат Норвешка и да потврдат дека местото не им е меѓу најслабите репрезентации во Европа.

„Ја испуштивме првата можност, во Левице имавме свои шанси, не ги искористивме. Си ја отежнивме работата, со оглед на тоа дека загубивме за прв пат во овие претквалификации. Но реков и тогаш по завршувањето на натпреварот дека најважно од се е дека сепак се зависи само и исклучиво од нас. Сами си ја кроиме својата судбина, и гледаме само како ќе одиграме против Норвежаните“, изјави Александар Јончевски, селекторот на Македонија пред денешната средба.

Пред мечот меѓу Норвешка и Македонија, во групата Д, силите ќе ги одмерат Данска и Словачка. Домаќинот нема никакви шанси за пласман во квалификациите, но затоа пак гостите со победа и пораз на Македонија ќе го превземат првото место. Пораз на Словачка ќе значи пласман на нашите кошаркари во квалификациите без разлика на сценариото во Осло. Но и во еден ваков случај, Јончевски и неговите момци имаат обврска да победат, за себе, за сите оние кои ги поддржуваат во тешките времиња.

ПретходноГаздата на Тотенхем си ја зголеми платата и предизвика гнев кај навивачите!
СледноЈокиќ вака бурно не ги прославува ниту победничките поени (ВИДЕО)