Михаилов: Колективен триумф на целиот клуб

619

Голем, огромен триумф на тимот на Силекс на домашен терен против екипата на Шкупи од конечни 2:1. Во меч во кој кратовци на време поведоа, ја удвоија предноста, а потоа ги издржаа противничките атаци, Силекс заслужено свои злато вреди три бода, кои и тоа како значат во битката за што повисок пласман.

„Честитки пред се за актерите на овој дуел. Мислам дека заслужено победивме во меч против фаворизиран противник. Исклучително тежок натпревар, ги искористивме нашите шанси. Го очекувавме притисокот во вториот дел, и истиот машки го издржавме. Секако дека ова е плод на целкупната анализа на целиот мој стручен штаб на чело со Мицков, Динев, Ристовски. Цела недела сериозно се подготвувавме за овој меч, го очекувавме, и како што се виде го дочекавме подготвени. Ова е заедничка победа – изјави за Спортмедиа тренерот на Силекс, Горазд Михаилов па додаде.

„Ќе продолжиме со добри игри, ме радува што и новите играчи даваат полн придонес, што значи дека се засилувања во права смисла. Секако честитки и за Шкупи за фер и коректната игра, многу среќа понатаму. Ние од овој момент понатаму мислиме на следното коло и на мечот со Победа“ – истакна Михаилов.

 

 

ПретходноДинамо го „уништи“ Хајдук и покажа кој е кој во Хрватска
СледноНема подарок, кошаркарите ќе мора да се испотат во Осло!