Бојан Миовски продолжи да ги полни мрежите во Шкотска. Македонскиот репрезентативец го постигна 15. гол во овој шампионат, откако со својот погодок донесе водство против Ливингстон на домашен терен од 1-0, на крајот истиот беше победнички за Абердин.
По завршување на мечот тренерот Бери Робсон коментираше за играта на Миовски.
„Секој ден кога ќе го видам Бојан прво го прашувам како е, а потоа му велам трчај брзо и постигнувај голови“, се пошегува на прес-конференцијата тренерот на Абердин, а потоа продолжи:
„Никогаш не е лесно да играш против Ливингстон, се обидува да го успори темпото и да се исфрлат од ритам. Знаевме дека ќе треба да се бориме – не е важно колку си добар како фудбалер, прво треба да се бориш, а потоа талентот и фудбалот“.