Хуркач триумфално во Марсеј за шестиот трофеј во кариерата

119

Полскиот тенсиер Хуберт Хуркач е победник на АТП турнирот во Марсеј. Тој во финалето ја оправда фаворитската улога и го совлада францускиот тенисер Бенжамин Бонзи со 6:3 и 7:6 во 92. минутна игра.
За 26-годишниот Хуркач ова е шестиот трофеј во кариерата, а прв во 2023 година. Бонзи не успеа да стигне до првиот трофеј, а ова е втор пораз во едно АТП финале откако беше совладан во Ротердам на почетокот на сезоната.

 

ПретходноГоџа четврти пат победи во спустот во Крањ-Монтана
СледноМеси и Мбапе го „растурија“ Марсеј на „Велодром“