Аргентина во солзи, земја со 520.000 жители завери билет за Мундијалот!

3374

Кошаркарите на Аргентина, актуелните светски вицепрваци остнаа без пласман на Мундијалот. „Гаучосите“ имаа предноста од 17 поени во третата четвртина, на крајот беа поразени од Доминиканска Република со 79-75. 19-годишниот Монтеро со 22 поени, 18 поени во последната четвртина и донесе место на СП после 36 години.

Во групата на Аргентина, пласман обезбедија уште Канада и Венецуела, како и САД, Порто Рико, Мексико и Бразил.

Во овие квалификации доаѓа уште една сензација, а таа се вика Зеленортски Острови, кои по триумфот на Брегот на С.К од 79-64 се најдоа на Светското првенство.

На овој начин е испишана историја, оваа земја стана „најмалиот“ учесник на Мундијалот, има речиси 572.000 жители. Претходно рекордери беа Црна Гора со (620.000 во 2019 година) и Катар (988.000 во 2006 година). Ова е неверојатен успех за оваа мала земја.

ПретходноНестварна партија на Лилард – „испука“ 71 поен за историја (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ има симбол на патиките кој го носи 10 години, објасни што значи!