Каква бламажа: Партизан денеска го гледаа само 100 фанови, ова е најмалата посета во историјата на клубот!

1608

Само 100 гледачи, иако реално не беа ни толку. Невидена бламажа со која се соочи Партизан денеска на мечот од српската Суперлига и тоа против Раднички 1923,меч кој заврши со резултат 1:1.

Имено на трибините на стадионот “Партизан“ или “ЈНА“ како некогаш се викаше ова здание, денеска имаше само 100 гледачи. Ова е најмалата посета во историјата на клубот, барем така известуваат медиумите во Србија.

Инаку познато е дека Партизан важи за еден од најголемите клубови на Балканот, финалист во Купот на Шампионите во 1966 година.

ФОТО: Телеграф

ПретходноИЛЕ ТАЛЕСКИ И ВАЛЕНТИН МИТАНОВ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Милосављевиќ “удри“ по шампионот