Мегваер одби да се ракува со Аврам Глејзер (ВИДЕО)

1597

Манчестер Јунјатед го освои Лига Купот, откако го совлада Њукасл со 2-0. За „црвените ѓаволи“ ова беше прв трофеј по речиси шест години чекање, но се чини и доказ дека овој клуб по речиси десет години чекање конечно се враќа во самиот врв на англискиот фудбал.

На крајот од натпреварот медали им беа доделени на фудбалерите на Њукасл, а потоа и на Манчестер Јунајтед. Пред да биде доделен пехарот во центарот на вниманието се најде Хари Мегваер. По добивањето на медалот целосно го игнорираше Аврам Глејзер и не му подаде рака, а многумина веруваат дека со овој потег овој дефанзивец дефинитивно стави точка на кариерата во Манчестер Јунајтед.

ПретходноЃуроски: Бевме подготвени да одиграме за себе и да победиме!
СледноВалтер со апел до битолчани: Дојдете во голем број, Мотор мора да се сфати сериозно!