Лионел Скалони ќе остане на кормилото на аргентинската фудбалска репрезентација откако потпиша нов договор со важност до 2026 година. Скалони ја однесе Аргентина до титулата на Копа Америка во 2021 година, а во декември минатата година стана и светски првак го потпиша договорот по средбата со првиот човек на аргентинската ФА Клаудио Тапиа во Париз.
„Си веруваме меѓусебно, комунацијата е едноставна и ефективна. Продолжуваме да инвестираме во нашиот проект заедно со Скалони, тренерот на светските шампиони“, изјави Тапиа.
Toa значи дека Скалони ќе ја предводи Аргентина и на СП 2026 година.