Ибра по камбекот на терен: Сакам да ме ценат поради она што сум сега, а не за она што сум бил пред десет години

150

Златан Ибрахимовиќ се врати на терените по повеќе од 280 дена отсуство на натпреварот синоќа за тимот на Милан против Аталанта. Ибра направи кам бек во рамките од 24. коло од Серија А, по тешката повреда на коленото. „Росонерите“ победија со 2:0, а Ибрахимовиќ имаше удел во последните петнаесетина минути. Сепак, со неговото влегување во 74. минута, 41-годишниот Швеѓанец стана најстариот играч кој некогаш играл за Милан.

„Многу ми недостигаа навивачите, им благодарам што ми дадоа сила, адреналин и мотив да продолжам. Без нивна поддршка ќе беше многу тешко. Не се чувствував толку добро во последните година и два месеци. Се чувствувам способен да го направам она што можам. Слободен сум да го правам тоа што го сакам. Направив два-три тренинзи и играв 15 минути, замислете што би можел да направам со повеќе тренинзи. Ми недостигаат во моментов. Ако не си поставувам цели, тогаш се опуштам и почнувам да се чувствувам како да сум заглавен во минатото. Не сакам да бидам тука поради тоа што го направив пред една, пет или десет години, туку поради она што го работам сега“, изјави фудбалерот за италијанските медиуми по дуелот со Аталанта синоќа.

 

ПретходноТен Хаг: Продолжуваме да го враќаме Манчестер Јунајтед таму каде што му е местото
СледноХаланд за 20 милиони годишно потпишува за Најк