Само 100 гледачи, иако реално не беа ни толку. Невидена бламажа со која се соочи Партизан денеска на мечот од српската Суперлига и тоа против Раднички 1923,меч кој заврши со резултат 1:1.
Имено на трибините на стадионот “Партизан“ или “ЈНА“ како некогаш се викаше ова здание, денеска имаше само 100 гледачи. Ова е најмалата посета во историјата на клубот, барем така известуваат медиумите во Србија.
Инаку познато е дека Партизан важи за еден од најголемите клубови на Балканот, финалист во Купот на Шампионите во 1966 година.
ФОТО: Телеграф