Клинсман повторно селектор – сега на Јужна Кореја!

81

Германскиот тренер Јирген Клинсман има нова работа, ќе биде селектор на Јужна Кореја. Фудбалската федерација на Јужна Кореја со Клинсман потпишаа договор до 2026 година со што тој седнува на местото на Пауло Бенто кој напушти после неуспехот на СП во Катар.

Клинсман последно работеше во Херта и си замина во февруари 2020 година. Два пати работеше како селектор, со националните тимови на САД и на Германија, беше и тренер на Баерн Минхен и на ФК Торонто.

 

ПретходноСкалони продолжи со светските шампиони до 2026 година
СледноХакими под истрага за силување