Кошаркарите во август ќе играат претолимписки квалификации, во ноември стартува битката за ЕП!

379

Македонската сениорска репрезентација успеа да го помине и вториот претквалификациски циклус. Со пет победи и една победа, „црвено-жолтите“ стигнат до посакуваната цел, да бидат дел од европските квалификации, и преку нив да се обидат да запишат уште еден настап на Евробаскетот, кој е планирано да се одржи во 2025 година.

Во текот на наредниот месец-март ќе дознаеме кои ќе бидат и обврските на нашите најдобри кошаркари.

Многу извесно е дека тоа ќе биде учество на еден од неколкуте планирани турнири наречени олимписки претквалификации, кои треба да бидат реализирани во текот на август. Но дефинитивната потврда се очекува од ФИБА.

Веќе од ноември, стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Планирано е да учествуваат 32 национални тимови кои преку четири „прозорци“ поделени во осум групи (по четири) ќе се борат за 24 места кои носат играње на самитот на најдобрите на Стриот континент.

ПретходноЛесјак пред Мотор: Сами одлучуваме за нашата судбина!
СледноРаботнички остана без Форте, договори екс-играч на Гостивар!