Манасков и Георгиевски ги нема на поширокиот список на Лазаров!

2739

Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 имиња за двомечот со Португалија за пласман на Европското првенство 2024 година. На истиот ги нема Дејан Мансков и Гоце Георгиевски, еден од најискусните играчи во нашиот национален тим.

Со оглед на тоа дека и двајцата играа во минатото коло во дресот на Вардар, најверојатно не станува збор за повреда. Ќе видиме дали Манасков и Георгиевски ќе бидат во составот на Вардар за утрешниот меч со Партизан.

Македонија на 9. март ја пречекува Португалија, три дена подоцна е гостин во Порто.

 

ПретходноЛазаров го објави поширокиот список за двомечот со Португалија!
СледноВикендов се одржа Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023 (ФОТО)