Реал Мадрид како клуб нема да има свои претставници на вечерашната гала-манифестација на ФИФА наречена “The Best“.
Имено тие сметаат дека Карим Бензема, а не Лео Меси требало да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2022 година. Ако се знае дека за најдобар тренер ќе биде прогласен Скалони пред Анчелоти, а за голман Мартинез пред Куртоа, тогаш јасно е зошто ова Реал Мадрид го прави.
Оваа вест ја лиферува “Марка“.
Единствен од Реал на манифестацијата во Париз ќе биде директорот Емилио Бутрагењо.
Самата манифестација ќе започне со оддавање почит за неодамна починатиот Пеле, а специјален гостин ќе биде Луис Назарио да Лима Роналдо.
Сепак повеќе од јасно е дека да си светски првак е повеќе од тоа да си европски клупски првак.
Секоја чест за Реал и Бензема, но сепак во 2022 година Меси и Аргентина беа светски прваци.