Миовски на радарот на Саутемптон

645

Бојан Миовски е во ТОП форма. Македонскиот репрезентативец и интернационалец во шкотски Абердин сезонава е во невиден за наши прилики голгетерски фазон, и досега во Премиер лигата на Шкотска постигна 15 гола. Ако се додадат и оние два во купот се стигнува до бројката што е фантастичен скор за играч кој има 23 години и кој реално за прв пат се соочува со сериозен интернационален предизвик.

Тоа не само што е препознаено во Абердин како клуб, каде што во моментов Миовски ужива статус на прв играч, туку и од страна на далеку поквалитетната Премиер англиска лига.

Како што пишуваат медиумите во Шкотска, а за Спортмедиа е потврдено и од таборот на Миовски, за македонскиот репрезентативец во моментов сериозно е заинтересиран тимот на Саутемптон.

Клубот кој се мачи сезонава на резултатски план, но со сите сили ќе се обиде да го обезбеди опстанокот во Премиер лигата е цврсто решен за следната сезона да го реновира тимот пред се со нов напаѓач. Тоа очигледно би требало да биде Миовски кој како тргнал сезонава сигурно ја пробива бројката од 20 голови.

https://www.footballscotland.co.uk/spfl/scottish-premiership/bojan-miovski-southampton-transfer-radar-26338831?utm_source=linkCopy&utm_medium=social&utm_campaign=sharebar

ПретходноМакедонската репрезентација во традиционално карате освои 30 медали во Крушевац!
СледноСтојановски: Покажавме карактер како тим