И покрај фактот дека долго време му ги толерираа катастрофалните резултати како тренер на Челзи, се чини дека и дефинитивно му нема спас. Греам Потер покажа дека е далеку од тоа да биде тренер на еден таков гигант како што е клубот од “Стемфорд Бриџ“. Последните вести од Островот велат дека газдата на клубот, Тод Боли веќе одлучил дека Потер е бивши. Официјално отказот ќе му биде врачен во следните 24 часа. Се шпекулира дека најблиску до клупата е Зинедин Зидан, а кандидати се и Луис Енрике и Маурицио Покетино.
Дома Меѓународен фудбал Англија Му нема спас: Потер во следните 24 часа добива отказ, Зидан, Енрике...