Обично кога ќе кажеме за некој гол дека е гол на деценијата, историјата и слично, тогаш тој мора да биде ефектен, убав, некоја мајсторија или ремек дело.
Но според нас она што можете да го видите на видеото овој гол секако дека ќе конкурира за гол на деценијата.
На мечот од МЛС меѓу Остин и Сент Луис во таа 78.минута резултатот беше 2:1 за домашнит. И тогаш домашниот фудбалер, извесен Кип Келер прво тргна напред, па се врати и почна да ја води топката кон својот гол притоа асистирајќи му на гостинскиот играч Џеред Страуд. Топката јасно беше наменета за домашниот голман, но таа заврши кај гостинскиот играч на кого не му беше тешко да погоди за 2:2.
Сите беа шокирани од потегот на Келер. Несреќата да биде уште поголема, до крајот на мечот Сент Луис постина уште еден гол за победа од 2:3.
Stroud back in Austin 😏 pic.twitter.com/uRlAQNE7ch
— St Louis CITY SC (@stlCITYsc) February 26, 2023