Нестварна партија на Лилард – „испука“ 71 поен за историја (ВИДЕО)

199

Ова не го гледате секој ден. Демијан Лилард го предводеше својот Портланд до победа од 131:114 над Хјустон Рокетс со 71 поен.

Иако Рокетс донекаде беа во игра и му одолеаа на неверојатниот Лилард, кои играше како во транс во текот на целиот меч, па така во последната четвртина успеаја да стигнат до минус пет. Сепак не успеаја да прирерад целосен пресврт.

Речиси сите поени на својот тим ги постигна Лилард во последниот дел и со тоа повторно ги одвои Блејзерси со голема разлика, и го реши прашањето на победникот.

Ова е воедно натпревар со највисок резултат во неговата кариера и само осми во историјата на НБА со 70+ поени, а прв кој на еден натпревар имал 70 поени, најмалку десет постигнати тројки и по пет скока и асистенции.Тој шутираше 23/39 од поле, а најефикасен кај домашниот тим по него беше само Грант со 13 поени.

ПретходноНовак Ѓоковиќ испиша историја, официјално е рекордер!
СледноАргентина во солзи, земја со 520.000 жители завери билет за Мундијалот!