Новак Ѓоковиќ има симбол на патиките кој го носи 10 години, објасни што значи!

354

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со години користи патики на јапонскиот бренд „Асикс“ и не планира да премине во „Најк“ со кого е во тивка војна. Од овој реномиран производител на спортска опрема, Ѓоковиќ добива специјално дизајнирани обувки кои можат да ги издржат сите негови напори на теренот, особено сите оние „лизгања“ што ги гледаме на бетонот, а во исто време му дозволија да остави свој „личен печат “ на патиките.

Навикнати сме на добро познатото лого на Новак Ѓоковиќ да е таму, повремено неговиот лик се наоѓа на „јазикот“, но има и еден симбол кој многумина го пропуштиле. Притоа, самиот Ноле во интервју за „Спорт клуб“ откри што претставува.

„Имам бел гулаб на предната страна на патиките и има и симбол. Го носам на патики десет години, но никој не го забележа. Овој симбол кој личи на клуч е симбол на методот на исцелување, кој ја означува енергијата на космичкиот универзум што се собира таму. Го носам Бога секогаш во срцето, но на овој начин чувствувам уште поголема поврзаност преку тие симболи“, откри Новак Ѓоковиќ.

ПретходноАргентина во солзи, земја со 520.000 жители завери билет за Мундијалот!
СледноПСЖ го намалува буџетот за плати за 30 отсто!