Новак Ѓоковиќ испиша нова историја во светскиот тенис. Србинот денеска ја почнува 378 недела како лидер на АТП ранг листата, зад себе ја остави Штефи Граф која долго време го дрежеше рекордот.
Српскиот тенисер со симна од врвот на вчената листа и Роџер Федерер со 311 недели на првата позиција на АТП во машка конкуренција, па стана апсолутен рекордер. Ноле за првпат на врвот се најде во 2011 година.
Ѓоковиќ има 6.980 бодови, колку што има и неговиот млад „предизвикувач“ Карлос Алкараз, кој и да го освои турнирот од серијата 500 во Рио де Жанеиро сепак ќе биде зад Србинот.